Етапи на развој на типикот – Архимандрит Кирпијан (Керн)

error
Поделба на развојот на типикот во три периоди, студитски, ерусалимски, светогорски устав, како и некои други важни податоци за типиците.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Пубертетот на родителите – Архимандрит Андреј (Конанос)


Односот на родителите кон децата, посебно кога децата се во пубертет, начинот на кој им се дава слободата и можноста сами да се борат низ животот, како да ги научиме на молитва и за тоа каков пример им даваме.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Нарушувањето на типикот


Неколку светоотечки поуки околу почитувањето на типикот, за важноста на ваквите послушанија, како и за тоа дека типикот не е само зборник на одредени правила.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Животното безредие на верниците и свештениците – Св. Јован Кронштатски


За чистотата на Црквата и грешноста на луѓето, пороците кои владеат и млакоста на свештенството во врска со леченњето на ваквите рани.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

За единството на Црквата – Св. Кипријан Картагински (3 дел)


Последниот дел од овој трактат каде се зборува дека во прелест по прашање на верата можат да паднат и продуховени луѓе како и искусни духовници, како и мотивирање и поттикнување кон верните да бидат милостиви и дарежливи како и духовно будни.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

За единството на Црквата – Св. Кипријан Картагински (2 дел)


За расколите и цепењата на Црквата Христова, како и за различното толкување на Светото Писмо.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

За единството на Црквата – Св. Кипријан Картагински (1 дел)


Капиталното дело на Св. Кипријан од Картагина составено од 18 писма (поглавја). Во овој прв дел (1-7 писмо) се зборува за трезвеноста во верата, предупредување од прелест и пред се внимавање од скриеното демоско лукавство кое сее раздор во Христовата Црква.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Богојавление – Отец Александар Шмеман


За значењето на водата за древниот, но и за современиот човек, нејзината симболика, за ликот Христов и Претечов, за чинот на Неговото крштение, како и за чинот на осветување на Богојавленската вода.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.